29 Април, 2024
0.0261

Туристи одете си дома, мигранти добредојдовте

Објавено во: Свет 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во отпорот против масовниот туризам се обединија Барселона, Рим, Венеција, Амстердам, Берлин, Лисабон, Палма де Мајорка. 

„Твоето раскошно патување е мое секојдневно страдање“. Ова реченица посетителите ја забележуваат на градските фасади во Барселона., пишува српска Политика

За да бидат сигурни дека ќе допрат до сите туристи, луѓето го испишале и на паркот Гуељ, дестинација која туристите не ја одминувале, а ја градел славниот архитект Антонио Гауди, но за други цели. 

Со паролите „Барселона не е на продажба“ и „Нема да бидеме истиснати“, одредени мештани ги изразуваат чувствата за доаѓањето на „окупаторите“. 

Но, тука не се мисли на мигрантите кои овде за разлика од други градови се добредојдени, туку на туристите кои цела година трошат многу пари во Барселона. 

Ако прашањето за протерување на туристите се провери сериозно на референдум, веројатно исходот би бил спротивен од она што го пропагираат локалците, кои во овој случај туризмот го сметаат за закана за идентитетот на градот. 

Иако туризмот чини 12% од БДП, и лани донел 30 милијарди евра, нема сомнеж дека многу бизниси живеат од тоа, а мештаните кажуваат дека треба да има граници. 

Градот на уметниците лани го виделе 32 милиони луѓе, или за 20 пати повеќе од бројот на луѓе кои живеат во него. 

Има зголемен раст на бројот на луѓе кои одат по улицата Ла Рамбла она за која Лорка рекол дека е единствена во светот за која сака да нема крај. За ова доволно илустрира податокот од Градијан според кој пред 25 години Барселона имала 1.7 милиони посети.

„Њу стејтсмен” пишувал дека градот на Медитеранот не го одминува и миграцијата, и бројот тогаш се движел околу 2%, а денес е 18%, односно се зборува дека тоа се 30%. 

Овој прилив го промени лицето на градот, но Барселона немаше протести против мигранти. 

Ова прашање не се спомнува ниту на избори, иако во Ла Рамбла терорист уби 13 и повреди 100 луѓе. 

Целиот текст овде

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)