18 Мај, 2024
0.0272

ТУРИСТИТЕ СЕ ПООГОРЧЕНИ ОД ХРВАТСКА: Цените „изгор“, угостителите мамат!

Објавено во: Балкан, Стил 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Хрватскиот бисер на Балканот е незаменлив, меѓутоа хрватските угостители се повеќе мамат на цените, пренесуваат локалните хрватски медиуми како „Слободна Далмација“.

Ако мислевте дека соседна Грција е скапа, тогаш за Хрватскиот Јадран нема што да се каже, доволно е само да се погледнат цените во рестораните.

Доколку летово одморот го резервиравте за туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Ровињ, па до Дубровник, имајте предвид дека цените се движат вака:

  • појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)
  • обична пица – 90 куни (12 евра)
  • салата со туна – 115 куни (15.30 евра)
  • порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)
  • капучино – 35 куни (4.70 евра)
  • нескафе – 40 куни (5.30 евра)
  • 200 мл точено пиво – 18 куни (2.40 евра)
  • зелена салата – 60 куни (8 евра)
  • чаша домашно вино – 35 (4.70 евра)

Немојте ни да се изненадите ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќи во некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени.

Во центарот на градот десетици ресторани ги лажат гостите така што во менито им нудат лигњи, а им сервираат лигњуни. Набавната цека на лигњите е од 100 до 120 куни (13.30 до 16 евра), а на лигњуните 15 до 20 куни (2 до 2.70 евра). Па, сега вие видете за каква измама се работи. Еден наш угостител купи од Истра неколку тони лигњуни, одма ги исече и ги замрзна и сега цело лето ги продава како пржени прстени од каламари и порција наплаќа 80 до 100 куни (10.7 до 13.30 евра). Гостите не разликуваат, па тој само од еден килограм лигњуни заработува повеќе од 50 евра – раскажува за весникот угостител од Дубровник.

Но и покрај зголемениот данок на одредени услуги во соседна Грција, македонските граѓани, го избираат Егејот а не Јадранот како место каде ќе ги постелат пешкирите летово на одмор.

Ниски цени, чисто и топло море, подобар пат, поблиску е, но и голем избор на места и сместувања, се главните причини, сметаат туристичките работници, што нашите граѓани летуваат на Егејското или Јонско море.

Сепак и Грците во јуни се разбудија пиејќи поскапа шолја кафе и гледајќи поскапа ТВ програма.

Зголемувањето на данокот ќе влијае на цените во ресторани, кафичи, супермаркети, цени на интернет, фиксни телефони и ТВ претплати, но сепак незначително поскапување за туристите кои сепак решаваат да летуваат на грчките плажи.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?