30 Април, 2024
0.0239

Египет и Тунис се во криза, Дубаи користи!

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Започнатите немири во Тунис на крајот на 2010 година, кои се распростанети се низ речиси целиот Близок Исток и Северна Африка, имаат деструктивни ефект врз туристичкиот сектор. Но, сепак не сите туристички центри претрпуваат загуби. Додека земјите од Арапската пролет се обновуваат многу бавно, непроменетите места од протестите се претвораат во неочекувани профитабилни места, се вели во извештајот на агенцијата Reuters. Продавачите на сувенири во египетските пирамиди во Каиро денес понекогаш ги има во поголем број од туристите поради континуираната веќе две години политичка криза, која премногу често ескалира во насилство по улиците.

Во Дубаи сепак, каде што никој не размислува за промени во власта, хотелите во вештачките острови во грандиозното одморалиште Атлантис се преполни со посетители. Некои, главно Американци, се загрижени од можноста од терористички напади или регионален конфликт со Иран, но други велат дека се чувствуваат безбедно во Обединетите Арапски Емирати. „Прекрасно е и има чувство на поголема безбедност, вели 69-годишниот пензиониран инженер Џон Маклинин од Австралија. „Би можел да живеам тука, но не знам дали можам да си го дозволиме." вели тој. Покрај масовниот одлив на туристи од Блискиот Исток во 2011 година, што влијае значително земји како Египет и Тунис, во Дубаи се забележува зголемување на бројот на туристи за 10%. Во првата половина на 2012 година  овој емират го посетиле повеќе од пет милиони луѓе. Не постои достапна статистика за тоа какви точно луѓе го посетуваат Дубаи, но хотелите се букирани и полни над 75% од капацитетите, а во исто време се градат нови соби. Ова е значајна разлика во однос на 2009 година, кога Емиратите беа на работ на банкрот. Јасна поделба Со избувнувањето на вооружените конфликти во Либија и Сирија во 2011 година малата туристичка индустрија во овие земји е скоро целосно уништена. Бахреин исто така, започнува да ги одбива туристите поради редовните судири меѓу полицијата и демонстрантите. Во Тунис, лулката на Арапската пролет, со посебна владина кампања за рекламирање на туризмот во Европа доведе до зголемување на посетителите за 30% во 2012 година, и нивниот вкупен број достигна шест милиони луѓе. Но, тоа сепак да е помалку отколку во 2010 година. "Она што се случи со туризмот во Блискиот Исток, е дека тој се поларизира исклучително многу“, посочува Надеж Попова, аналитичар од компанијата Euromonitor. Имате држави кои многу преживеаја, како Египет и ги имате и Обединетите Арапски Емирати." Сепак богатотиот со нафта емират Абу Даби, што е главен град на ОАЕ, за прв пат е посетен од повеќе од два милиони луѓе во 2011 година и се надева на 10% зголемувањена бројот на туристи во 2012 година. Во Саудиска Арабија, каде што протестите исто така се помалку од остатокот на арапскиот свет, во 2012 година посетителите се зголемуваат главно на сметка на растечкиот број на богатите муслимани дојдени на религиозен туризам. Локалните власти очекуваат 18 милиони луѓе во државата, главно за аџилак во Мекa. Тежок живот Пред револуцијата туризмот во Египет зазема 10% од БДП, каде беа вработени 10 милиони луѓе и носи една четвртина од приходите во странска валута во египетската каса. Според ресорот министер Хишам Зазу во 2012 година е забележано зголемување со 17% на странските посетители, но тие сепак се за 22% помалку отколку пред револуцијата. "Се справивме подобро отколку некој очекуваше, и покрај сите проблеми", вели Зазу за агенцијата Reuters. Се менува, сепак и видот туризам во Египет. Се повеќе и повеќе туристи слетуваат директно во места како Шарм ел Шеик и не излегуваат од затворените комплекси. Музеите и другите атракции во центарот на Каиро се речиси напуштени. Дури и оние кои посетуваат пирамидите или Луксор, го прават тоа само со автобус и веднаш се враќаат. 39-годишниот продавач на разгледници во Гиза Насирија Руби вели дека недостатокот на приходи го принудила да го намали дневниот внес на храна од 3 на 2 пати. На изборите минатата година тој гласаше за "Муслиманските браќа", но дали ќе го стори тоа повторно зависи од економијата. "Добро е што го истера старата влада, вели тој, но додава: Но, животот стана многу тежок."За добро или лошо“.