Туск во Скопје - бегалците и кризата во Македонија во фокусот
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 07:39
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска во Скопје ќе се сретне со шефот на државата, Ѓорге Иванов.
Тие на средбата ќе разговараат за политичката криза во Македонија по изборите од 11 декември и заканата од илегалната миграција.
Во 14 часот е закажана средбата на Иванов и Туск, а половина час подоцна ќе се одржи и пленарниот состанок на двете делегации. Во 15 часот предвидено е двајцата да дадат изјави за медиумите.
Доналд Туск трет пат во последните две години доаѓа во официјална посета на Скопје.
За време на балканската турнеја, Туск утрово ќе биде во Словенија, а потоа ќе има средби и со бугарскиот претседател Румен Радев, а задутре ќе биде во Грција на средби со претседателот Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




