19 Јануари, 2025
0.2575

Тутунопроизводството има иднина – Ориенталните типови тутун од Македонија се барани на светските берзи

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

На плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, денеска, со изложување на тутун од повеќе производствени региони во земјава,  беше одбележан Светскиот ден на тутунот. Манифестацијата која, според организаторите, треба да стане традиционална, ја востанови Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија, посочи дека ориенталните типови тутун што се произведуваат во Македонија се барани на светските берзи. - Има иднина на тутунопроизводството во земјава. На светскиот пазар има потреба од ориентални тутуни. Од овој собир испраќаме апел до државата која го субвенционира производството да продолжи да ја поддржува оваа индустриска гранка, наспроти настојувањата на Светската здравствена организација да се намали производството во светот. Кај нас се произведуваат тутуни без адитиви и тука е нашата шанса за развој на тутунопроизводството кое има традиција од пет века, веднаш штом е донесен во Европа и од тогашната Отоманска империја на македонските простори, изјави Милески. Од тутунот егзистираат од 200.000 до 250.000 жители, а со откупувачите се склучени 42.000 договори. На денешната манифестација Светски ден на тутунот се прогласени и најдобрите производители. Првонаграден е Гоце Петкоски од Прилеп кој произведува висококвалитетен ориентален тутун од типот „Прилеп“ и постигнува откупна цена од 210 денари за килограм, второнаградени се од здружението „Тутуноберачите“ од општина Могила, а третонаграден е тутунопроизводителот Зоран Јанев од село Сушево, општина Василево, кој произведувца ориентален тутун од типот „Јака“.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ