Твитот на Трамп одекна како бомба: Кој ги хакирал мејловите на Клинтон?
Објавено во: Свет 29 Август, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина ги хакирала мејловите на поранешниот претседателски кандидат Хилари Клинтон.
Тој го напишал тоа на Твотер, но, не понудил повеќе информации.
„Мејловите на Хилари Клинтон, од кои многу беа доверливи информации, ги хакирала Кина, Следниот потег подобро да биде од ФБИ, ДОЈ или по сите нивни грешки (Коми, Мекејб, Пејџ, ФИСА) нивниот кредибилитет засекогаш ќе исчезне“, напишал Трамп.
Сојузните американски служби ја обвинија Русија дека ги хакирала мејловите на Клинтон, како би му помогнала на Трамп да победи на претседателските избори.