15 Декември, 2025
0.0330

Уапсени демонстранти во Подгорица

Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2014 19:00

Добивај вести на Viber

За време на протестите на кои над 200 граѓани бараа смена на власта и оставка на сите пратеници, Црногорската полиција денеска се судри со група демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Владата на Подгорица.

Група демонстранти фрлале со камења врз полицијата пред зградата на Владата на Црна Гора, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.

Во судирите повредени се најмалку двајца полицајци, а скршени се неколку прозорци на зградата на Министерството за финансии. Оштетено е и едно полициско возило, а Според извор од полицијата уапсени се и околу 20 демонстранти.

На местото на протестот се распоредени и припадници на специјалните полициски единици, кои со употреба на пендраци и солзавец успеале да ги растурат демонстрантите.

Протестите ги организира Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“. Групата од вчера најави дека ќе организира протест пред зградата на црногорскиот Парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.

Еден од организаторите на протестот Љубо Варагиќ изјави дека доста од красење на Црна Гора и дека е време за промени.

- Сакаме да работиме и живееме. Бараме Владата на Црна Гора и сите пратеници да поднесат оставка, истакна тој.

Демонстрантите за време на протестот извикуваа пароли „Крадци“, „Сакаме оставки“ и „Промени“.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството