Уапсено лице кое признало дека е одговорно за нападот во Стокхолм
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Едно лице кое ја признало одговорноста за денешниот напад на стоковната куќа во центарот на Стокхолм е уапсено, соопшти полицијата.
Во нападот загинаа 4 лица, а 15 се повредени. Уапсениот наводно имал лесни повреди.
Полицијата информираше дека едно од повредените лица починало во болницата, а 15 се и натаму на болничко лекување.
Претходно медиумите објавија фотографија од напаѓачот.
Шефот на Националниот оперативен оддел при шведската полиција Матс Лофвин изјави дека фотографијата е направена воочи инцидентот и многу блиску до тајмингот кога тој се случил.
Шведската полиција соопшти дека води истрага за две лица.
Портпаролот Ларс Бистром вели дека се приведени две лица на испрашување.
Нападот е извршен со украден камион на компанијата за пиво Спендрус.
Шведскиот премиер Стефан Лофтен изјави дека неговата земја е нападната и дека денешниот напад е тероризам.