01 Мај, 2024
0.0287

УБАВ ПОГЛЕД И ДАЛЕКУ ОД ГРАДСКИТЕ ГУЖВИ: Плацеви каде може да го направите својот дом од соништата

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Доме слатки доме ...

Една од важните работи во животот на секој човек е да има свој дом, да основа семејство и да има топло катче.

Домот е збор со илјада значења. Многумина кога го слушнат, најпрво помислуваат на семејство, детство, на своите најубави спомени. Ако имаме среќа, тоа е збор кој ја теши душата, кој значи место каде со задоволство се враќаме, збор кој во нас буди чувство на сигурност, топлина.

Не се потребни зборови со кои ќе опишуваме колку на сите ни значи да си имаме свој дом.

Токму на оваа тема денеска се посветуваме, но од друг агол. Иако побарувачката за станови е поголема од побарувачката за плацеви, има многумина кои имаат сон да си направат куќа или сопствено гнездо и да биде нивен дом од соништата. Ако и вие спаѓате оние кои бараат место каде ќе може по сопствени желби да го изградат местото на живеење, ние пребаравме на Интернет и ви претставуваме неколку градежни плацеви каде ќе може сонот да го изградите во реалност и да си изградите куќа или викендичка каде ќе може да се релаксирате за викедни.

Огласите кои ги пренесуваме нудат и убав поглед а цената зависи од тоа колку вие сте подготвени да платите.

1.Плац кој ви го дава Скопје на дланка

Се продава плац од 770 м2 во Горно Нерези со одличен поглед кон Скопје. Од огласот се наведува дека ја има целата потребна документација, две маркици за градба, план и проект за градба со довола.  Доколку сонувате Скопје да го имате на дланка а сте подготвени финансиски да вложите вашиот сон може да биде реалност.

Огласот видете го тука.

2.Плац Скопска Црна Гора-Љуботен, 1700 м2

Се продава плац од 1700 м2 на Скопска Црна Гора со отворен поглед во зеленило, на селото Љуботен и околните планини на надморска височина од 1000 м. 

Идеално е за викендичка, летниковец со овоштарник, лозов насад, или по ваш избор зошто да не си ја направите куќата од соништата токму таму далеку од градските гужви.

Според објавеното во огласот плацот гледа на јужна и западна страна, што е поволно за секаква градинарска култура. Има сопствен влез од патот, струја и вода.

Цената пишуваат дека е екстра поволна, а ние ве упатуваме овде да го погледнете со повеќе детали.

3.Атрактивен плац под Сончев град

Се продава атрактивен плац под Сончев град 550м2, на прекрасна локација со прекрасен поглед (со вода, струја, канализација) и пристап, стои во друг оглас кј сметаме дека ќе биде привлечен за оние кои ја сакаат оваа населба.

Доколку ве мами Сончев град тогаш вреди да се обидете и да го погледнете огласот, можеби ќе ви се допадне и токму таму ќе решите да никне вашиот нов дом.

За сега ги издвојуваме само овие плацеви кои се на продажба, а вие може да пребарате повеќе во агенциите или пак на интернет огласувачите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија