27 Април, 2024
0.0284

УБИЕЦОТ ПРИВЕДЕН: Свирепо убиен битолчанец кај Беловодица

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

 Полицијата го откри и го приведе сторителот на свирепото убиство на 36-годишниот Бекир А. од Битола, што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, Прилепско, потврдува Маријана Илиеска, обвинител во прилепското јавно обвинителство кое правеше увид.

Станува збор за 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој од битолската е доведен на распит во прилепската полиција.

- Ноќеска е откриен сторителот на свирепото убиство. Полицаецот од СВР Битола Е.Т, роден 1995 година го призна убиството и сега е на распит во прилепската полиција, потврдува Илиеска.

Прилепското обвинителство го смета за свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол прилепчанец кој најверојатно се упатил на риболов во блиското езеро.

- Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави Илиеска.

Полицијата го обезбедува местото. Малкуте жители во селото Беловодица не виделе ништо. Педесет и едногодишната Блага Мицеска вели дека нејзиниот сопруг само ги слушнал истрелите.

-Мојот домаќин слушнал пет-шест пати како пукнало. Изгледало како да е од пиштол, ама друго не знае. Беше да ги напасува кравите. Си ги прибрал потоа и си дошол дома. Јас со синот не знаевме ништо но кога се враќавме во селото имаше многу автомобили, полицајци.

Од СВР Битола велат дека МВР во текот на денот ќе информира случајот.


Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори