Убиен е сведок, кој требаше да сведочи за поддршка на Младиќ
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2015 10:30
Сведок на одбраната во процесот за геноцид и воени злосторства, спроводен против српскиот генерал Ратко Младиќ, беше пронајден мртов во неговата соба во хотелот во Хаг.
Душан Донджиќ од Белград, е пронајден мртов во својата соба од персоналот на хотелот и претставник на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија. Започната е истрага, во оваа фаза „немаме никаква основа да се сомневаме дека е извршено кривично дело“, се вели во пораката.
Д-р Донджиќ требаше да се појави пред Трибуналот, како сведок на одбраната во процесот против поранешниот началник на српската армија во Босна, Ратко Младиќ. Младиќ е обвинет по 11 главни точки за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото за неговата улога во војната во Босна и Херцеговина помеѓу 1992 и 1995 година.
73-годишниот генерал Младиќ и најблискиот до него политички командант Радован Караџиќ (69), се на мета на меѓународната правда за неговата улога во масакрот во Босна во јули 1995 година. За време на трагедијата околу 8 илјади млади мажи и млади муслимани од Босна биле убиени, а нивните тела - фрлени во заеднички гробници, кога српските сили го зазедоа овој регион на поранешна Југославија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




