26 Април, 2024
0.0293

Убиеното момче било примерно дете: Жителите шокирани, а дамките нем сведок за трагедијата

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Крвави дамки се јасно видливи на тротоарот во паркчето во скопската населба Ново Лисиче каде што синоќа по полноќ беше убиен 17-годишниот Н.Х. кој живееше во блиските згради. Траги има на неколку места во близина на клупите на кои што најчесто секоја вечер се собираат млади. Тоа укажува дека крвавиот инцидентот се случил на средина на плоштадот во „Паркот на музиката“, а прободеното момче потоа било пренесено до клупите за да му се укаже помош, пишува медиумот Скопско ехо. 

Но, се било залудно бидејќи момчето кое, според изјавите на жителите, било примерно, подоцна починало.

-Го знам Никола, беше многу добар и мирен дечко. Колку што разбрав од другарите кои знаат нешто, оној што го убил е од друга населба односно од општина од другата страна на Вардар. Тие синоќа дошле тука во нашата населба. А како и зошто потоа се случила тепачката не ми е познато-рекло едно момче од оваа населба.

Жителите на овој дел на населбата во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“ се во шок од она што се случи. Граѓаните минуваат покрај местото не криејќи ја тагата заради загубата на еден млад живот.

Неколкумина кои ги затекнале околу местото на настанот раскажале дека, колку што знаат, се работи за расправија која започнало од порано. Но, дали таа расправија била врзана и за настраданото момче или за некој друг од негова група па тој настрадал недолжен, се уште не е познато.

Жителот на населбата Горан Николовски за Скопско ехо рекол дека е револтиран и разочаран од овој инцидент. 

-И јас го знам детето, беше другар на син ми. Жално е ова. Ова треба да ни е предупредување на сите. Тука постојано се собираат младите и колку што можам да забележам често има и расправии. Забележувам дека некогаш има и алкохол кој им го продаваат од околните продавници иако е тоа забрането. Истовремено, не паметам кога во населбата сум видел некој полицаец да помине за да се грижи за редот. Младите како да се оставени сами на себе – се собираат, одат бесцелно по неселбата и во такви ситуации лесно се случуваат инцидентите- рекол Николовски.

Извор/Фото: Скопско ехо

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката