УБИСТВОТО НА КАШОГИ: Демократите со барање до Сенатот на САД
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2018
Демократите во Сенатот на САД побараа класифициран брифинг за да бидат известени дали американските разузнавачки служби однапред имале сознанија за плановите на Саудиска Арабија за киднапирање и убивање на коментаторот на Вашингтон пост, Џалам Кашоги.
Тие вчера испратиле писмо до директорот на Националната разузнавачка служба на САД, Дан Коутс во кое осуммина сенатори посочуваат дека американските служби требало да го известат Кашоги ако знаеле за намерите на Ријад.
Во писмото се наведува дека ,,Вашингтон пост” информирал дека американските разузнавачки служби пресретнале разговори, во кои бил разгледуван план за апсење на новинарот. Кашоги на 2ри октомври беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Американскиот Стејт департмент изјави дека САД немале претходни информации за какви било планови за киднапирање на Кашоги.