Добивај вести на Viber
Чествувањето на религиските празници си има свои убавини и радости. Во пресрет на големиот христијански празник Велигден-Христовото воскресение, верниците со посебна радост и среќа се подготвуваат за негово празнување. Токму спецификата на велигденските празници е во семејните радости кои се многубројни, посебно кога станува збор за самиот начин на чествување, како и сите активности кои се чинат за да се одбележи достојно овој празник.
Она што е заедничко и суштествено за сите верници од христијанската вероисповест е големиот број на обичајни и религиски дејанија кои се практицираат неколку дена пред и по самиот празник, а чија цел е достојно и во духот на самиот Велигден да се одбележат и исконски, со полно срце и отворена душа да се испочитуваат и реализираат сите предвидени и суштински активности во чест на денот.
Она што е уште посуштествено и позначајно е духовното прочистување
Религиските празнувања во чест на Христовото воскресение започнуваат во четврток наутро, пред зори, кога домаќинката вапцува три црвени јајца и ги изнесува на виделина, да ги допрат и помилуваат првите сончеви зраци. Преданијата и традицијата говорат дека првото вапцано јајце има големи религиски моќи и токму со него утрото, пред да станат од својот мирен и безгрижен сон и топла постела, се помилуваат по лицето малите и мили дечиња и се опејуваат со зборовите-бели, здрави, црвени.
Симболиката на овој ритуал се однесува на цврстината и белоста на јајцето, пред се како симбол што раѓа живот, и се верува дека во текот на целата година оние кои ќе се помазат со јајце и ќе го сторат првото капење после Велигден со вода во која ќе се потопи првото вапцано јајце ќе ги следи здравје во текот на целата година. Велики петок, ден пред Велигден е строг пост, кој исконските верници, оние кои ги почитуваат строго догмите на својата религија, го поминуваат овој ден пиејќи само вода, а некои од нив се лишуваат и од секаква храна и секаква течност во сомилост со страданијата на основачот на христијанската религија. Она што е исто така специфика за Велидген се и велигденските пости, кои христијаните ги практицираат и кои подразбираат не вкусување на никаква храна што е од животинско потекло, а риба вкусуваат само на Цветници и на Благовец.
Но она што е уште посуштествено и позначајно е духовното прочистување, бидејќи како што вели една народна мудрост-битно е што внесуваш низ уста, но уште побитно е што излегува низ неа. Тоа подразбира дека вистинскиот верник треба да постапува во склад со догмите и писанијата на својата религија и ниту да помисли, ниту да практицира однесување кое прокламира насилство, нетолеранција и агресија. Напротив, секој кој вистински ја сака, љуби и почитува својата вера апсолутно треба да размислува и да се однесува во склад со моралните норми, кодекси и закони кои ги прокламира неговата религија, бидејќи само така со право и може да се декларира дека е вистински верник.
Самиот ден Велигден и објавата на Христовото воскресение е круна на овој религиски празник за верниците
Многу убавини, весели и радосни мигови се поминуваат за време на велигденските празници. Посебно насмевката не се симнува од лицата на најмалите и најмилите, тие убави детски главчиња се најрадосни и со весел џагор постојано ги извикуваат максимите кои се специфични како велигденски поздрав. Дечињата искрено и со жар го чекаат вапцувањето на јајцата, сакајќи и тие да бидат дел од тој ритуал, за нив посебно значаен и величествен. Потоа ги кашкаат своите мали рачиња помагајќи им на своите баба во месењето на велигденски колачиња и други слатки специјалитети.
Врв на нивното задоволство е чинот на кршење со велигденски јајца и посебната радост доколку имаат посилно јајце од другите членови на нивното семејство или нивните другарчиња. Самиот ден Велигден и објавата на Христовото воскресение е круна на овој религиски празник за верниците и посебно значење има мигот на објавата на вистината во свет храм каде најголем број од верниците ја дочекуваат.
Во мигови на велигденска радост ја имаме таа привилегија да споделиме среќа и благодети со оние кои искрено не сакаат
Велигденските празници имаат посебна бит и значење за верниците, бидејќи тие пред се се чувари на нашата традиција и имаат за цел да се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација, сите оние обичаи и религиски специфики кои се доказ и показ за нашето постоење. Посебно се значајни миговите на сплотеност и семејна радост, бидејќи во ова наше совремие, во кое полека се оттуѓуваме од луѓето и забораваме на убавините на семејните средби, сепак се потсетуваме дека семејството ни е најтоплото гнездо, а нашите ближни и драги луѓе се оние кои го чинат столбот на нашето битисување. Во мигови на велигденска радост ја имаме таа привилегија да споделиме среќа и благодети со оние кои искрено не сакаат и за кои нашата радост е и нивна радост, бидејќи старата мудрост вели споделена среќа со блисок собеседник е поголема среќа. Посебно е значајно вниманието кое се посветува и на пријателите, бидејќи пријателството, она искреното и вистинското, е посебна значајно денес и кон него треба да се однесуваме како раритетно нешто и суштествено, како вредност која ни го осмислува нашето постоење.
П.С. Овој Велигден го чествуваме во очи на избори, парламентарни и претседателски. И јас сум дел од караванот наречен парламентарни избори, но мојата замолница е сите ние да се однесуваме во склад и во духот на нашата религија, да ги почитуваме основните постулати кои таа ни ги налага и да шириме толеранција и благодетти, бидејќи само така ќе можеме да се наречеме верници во вистинска смисла на зборот.
Д-р Татјана Стојаноска Иванова
Институт за социологија
Филозофски факултет-Скопје
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: