04 Мај, 2024
0.0258

Угостителската комора по средбата со Шахпаска: Неприфатливо недела да е неработен ден

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Независната угостителска комора бара нивната дејност да не биде опфатена на кој било начин во ограничувањата и условувањата за работа во недела. Ставот кој го соопштија денеска угостителите е дека целокупната угостителска индустрија мора да биде изземена од комбинации во иницијативата недела да биде неработен ден и за угостителството.

„Какво било ограничување со кое на дел од угостителите ќе им биде ограничено или условено работењето во кој било ден, не само недела, е дискриминација и деградација на тие угостители“, се вели во соопштението на НУК.

За нив се неприфатливи најавите одделни угостителски објекти да продолжат да работат и во недела со обезбедување дополнителни потврди или лиценци за нивна оправданост.

Комората ја поздравува прифатената иницијатива на Владата и потребата од законско прогласување на недела за неработен ден, но укажува дека за разлика од минатото кога семејните неделни ручеци, слави и веселби се правеле во домовите, денес тие многу често се одржуваат во кафеани“, смета комората.

Ваквиот став на НУК доаѓа по вчерашната средба на нивниот претставник со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која објави дека во насока на прифатената иницијатива на Владата недела да биде неработен ден, изминатите денови се водат интезивни работни средби со претставници на сите засегнати страни со цел да се подготви законското решение.

„Синдикатите, Стопанските комори, Организација на работодавачи со кои заедно со претставници од Министерствата за економија, финансии, информатичко општество, разговаравме и ги отворивме сите прашања, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение.

Во таа насока беше и денешната средба со претставникот од Независната угостителска комора со цел да се слушне и мислењето на угостителите во однос на ова прашање“, објави вчера Шахпаска.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски