10 Декември, 2024
0.0298

Украина и Молдавија ја преминаа Македонија во евроинтеграциите - добија датум за преговори

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Европската унија официјално го одобрија отворањето на пристапните преговори со Украина и Молдавија на 25 јуни и ја усвоија рамката за преговори, објави Белгија како претседавач со ЕУ. Со тоа двете земји ја преминаа Македонија во напредокот во евроинтеграциите и го добија тоа за кое што Скопје во моментов е под вето и не може да ги одржи првите меѓувладини конференции.

„Тоа го отвора патот за почеток на пристапните преговори во вторник на 25 јуни во Луксембург“, објави белгиското претседателство со ЕУ.

Преговорите ќе бидат отворени на две одделни меѓувладини седници, пишува агенцијата АП.

По позитивната оценка на Европската комисија, лидерите на ЕУ се согласија да започнат пристапни преговори со двете земји на крајот на 2023 година.

Процесот на преговори до конечниот влез во Унијата за двете земји може да трае со години, оценува агенцијата АП.

За време на преговорите, земјите кандидати мора да го усогласат своето законодавство и стандарди со правото на ЕУ и да докажат дека нивните институции и економија ги исполнуваат демократските норми и принципи на владеење на правото.

Украина долго време бара членство во ЕУ, што го смета за пат кон просперитет и стабилност. Сепак, официјално аплицираше за членство дојде за помалку од една недела по руската агресија, во февруари 2022 година.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Направен е криминал од 6.5 милиони евра, Васко Ковачевски избегал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Направен е криминал од 6.5 милиони евра, Васко Ковачевски избегал

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија