08 Април, 2025
0.1161

УКРАИНА ИМА НЕКОЛКУ ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Зеленски кажа кои се тие

Објавено во: Свет 03 Април, 2025 19:06

Добивај вести на Viber

Украина нема да ги признае окупираните територии, a членството во НАТО е на маса. 

Претседателот на Украина,  Володимир Зеленски денеска изјави дека членството во НАТО останува на преговарачка маса, но неговата земјава засега има потреба од безбедносни гаранции.

„Важно е да имаме соодветни гаранции, слични на НАТО, додека не сме во алијансата. Важно е да имаме соодветни заштитни мерки како НАТО додека не сме во алијансата. Ова говори за напорите на нашите партнери, на кои навистина можеме да сметаме“, изјави Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека на претстојните преговори за завршување на војната, Украина нема да ги признае окупираните територии и нема да се согласи да ја намали армијата.

„Наш приоритет е нашата силна армија. Значи, ова е црвена линија за нас – нема намалување на бројот на нашата армија. Да бидам искрен, ќе направиме сè за да ја одржиме армијата во состојбата како што е денес. Голема армија, трипати поголема отколку што беше на почетокот на војната“, вели Зеленски. 

Се надева дека преку дипломатски пат ќе ги вратат дел од териториите. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРЕСНИ ДЕТАЛИ ИСПЛИВАА ЗА КАМАЛА ХАРИС - подготвила стратегија за брз трансфер на власта во случај на ненадејна смрт на Бајден

ИНТЕРЕСНИ ДЕТАЛИ ИСПЛИВАА ЗА КАМАЛА ХАРИС - подготвила стратегија за брз трансфер на власта во случај на ненадејна смрт на Бајден

ЈАС ГО САКАМ ЕРДОГАН И ТОЈ МЕ САКА МЕНЕ: Трамп за турскиот претседател

ЈАС ГО САКАМ ЕРДОГАН И ТОЈ МЕ САКА МЕНЕ: Трамп за турскиот претседател

„РУСИТЕ ЈА БОМБАРДИРААТ УКРАИНА КАКО ЛУДИ“: Трамп и неговите изјави

„РУСИТЕ ЈА БОМБАРДИРААТ УКРАИНА КАКО ЛУДИ“: Трамп и неговите изјави

„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен