ИНТЕРЕСНИ ДЕТАЛИ ИСПЛИВАА ЗА КАМАЛА ХАРИС - подготвила стратегија за брз трансфер на власта во случај на ненадејна смрт на Бајден

Објавено во: Свет 08 Април, 2025 20:44
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, подготвила план за преземање на функцијата претседател на САД во случај на ненадејна смрт на нејзиниот шеф Џо Бајден, се наведува во новообјавената книга „Борба: Во средиштето на најжестоката битка за Белата куќа“.
Книгата е напишана од политичките новинари Џонатан Ален од „Ен-Би-Си нуз“ и Ејми Парнс од „Хил“. Извадоци од книгата објави „Фокс њуз“.
Според изданието, поранешниот комуникациски директор на Харис, Џамал Симонс, развил стратегија за итно преземање на функцијата што вклучуваала и список на подобни федерални судии кои би можеле веднаш да ја заколнат.
-Тој сметаше дека најсилен симбол на проверка ќе биде федерален судија назначен не од (претседателот Доналд) Трамп, туку од некој друг републиканец. Тој состави табела со правници низ целата земја поделена по градови, и ја носеше со себе додека патуваше со Харис, се наведува во книгата.
Се додева дека Симонс бил загрижен дека јавноста може да ја доведе во прашање легитимноста на Харис. За да се спречи тоа и избегне сомнеж во нејзината легитимност, Симонс го подготвил списокот на судии именувани од републиканци — но не од Трамп — кои би дале дополнителна тежина и брз трансфер на власта во нејзини раце.
Во книгата се наведува и дека бившиот претседател Барак Обама сметал дека како противакандидат на Трамп, Харис не е способна да извојува победи на изборите.
Како претседател во заминување, Бајден во јануари годинава изјави дека Харис „е компетентна“ да се кандидира повторно на следните претседателски избори за четири години.
МИАМожеби ќе ве интересира
ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници

(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ВЛАСТА ПАЛЕШЕ ЗАПЛЕНЕТ КАНАБИС, А 25 ИЛЈАДИ ТУРЦИ НЕСАКАЈЌИ СЕ „НАПУШИЈА“ - вртоглавици и халуцинации кај жителите на Дијарбекир
ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
