15 Декември, 2025
0.0369

УКРАЛЕ ГЕНЕРАТОР И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ ОД „БУЧИМ“ И ГИ ПРЕПРОДАВАЛЕ - уапсени шест лица, меѓу нив и вработен во рудникот

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 10:47

Добивај вести на Viber

Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим и ги продавале на нелегален отпад, објави Министерството за внатрашни работи и посочи дека за нив ќе следуваат соодветни пријави.

- На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. 
При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети - се појаснува во нивното соопштение.

Воедно од МВР посочуваат дека, в службени разговори во полициска станица лицата изјавиле дека предметите ги украле од рудник „Бучим“ во Радовиш, а воедно признале дека и претходно имале извршено вакви дела, по што одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица. 

- Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина пронајдена е поголема количина на складиран отпад и стари возила. Притоа, инспектор за животна средина утврди дека има складирано поголема количина на отпад со кој А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат и дека на тој начин истите вршат кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во рудникот „Бучим“, кој се сомничи дека за одреден паричен надомест дозволувал на лицата преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите - се додава во соопштението. 

МВР објави дека лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.



Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро