Добивај вести на Viber
Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известувањето од ЕВН Македонија, најавени прекини на електрична енергија поради зафати во мрежата ќе има за жителите од улицата Робеспјерова во Кисела Вода и тоа од 11.30 до 13.30 часот.
Исто така, од 9 до 15.30 часот струја ќе немаат дел од жителите на Ѓорче Петров од улиците 72 и околните улици во село Волково. Од 11 до 15 часот струја ќе нема кај и кај дел од корисниците од улица Стоби, додека од 9.30 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од улицата Лука Геров 61.
Од 8.30 до 15.30 часот, прекин ќе има на булеварот Партизански Одреди, односно во зградата број 107 во општина Карпош. Еден час подоцна, од 9.30 до 15.30 часот струја ќе немаат и корисните од село Копаница во општина Сарај.