Уни Банка го затвори тргувањето со 1,6 милиони денари трансакција
Објавено во: Економија 06 Април, 2018
Во пресрет на Велигденските празници не се очекуваат никакви раздвижувања на берзата, но затоа пак вчера имавме позабележително затворање со трансакцијата на акциите на Уни Банка вредна 1,6 милиони денари.
Во трансакцијата преземени се вкупно 800 акции од Уни Банка при вредност на поединечна акција од 2.050 денари, односно вложени се вкупно околу 26 илјади евра.
Цената на една акција на Уни Банка според моменталните показатели изнесува 2.041,61 денари.