УНИФОРМАТА НА АРМ ЈА НОСИ СО ГОРДОСТ: Пејачката Тамара Волчевска за најголемите предизвици во нејзината двојна кариера
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 11:33
Првата песна „Do
You Remember“ ја објави пред неколку месеци, а реакциите за истата беа
навистина позитивна. Многумина ја споредуваат со светски познатата Били Ајлиш,
но тоа воопшто не ѝ пречи, туку ѝ претставува задоволство. Тамара Волчевска,
македонската пејачка ѕвезда, сега повторно на публиката ѝ подари нова песна, а за инспирацијата и сè што е
поврзано со истата зборуваше за Женски магазин. Во интервјуто, совен
за музичката кариера, Тамара со гордост ја носи униуформата на АРМ и открива како е да е жена помеѓу толку мажи.
* Освен музиката, исто така си вработена и во АРМ. Која функција ја имаш таму и како ги балансираш обврските, со оглед на тоа што често имаш настапи?
- Ух, тешка воздишка е оваа, хаха. Голема одговорност е, непредвидливи обврски, но се заблагодарувам од срце што имам луѓе околу себе кои покажаа големо разбирање и уште поголема поддршка за сѐ што правам периодов. Балансот така си го постигна своето.
* Како е да си жена на таа работна позиција? Дали некогаш си почувствувала некоја нерамноправност?
- Од мое искуство никогаш ја немам почувствувано нерамноправноста, но имам почувствувано привилегија. Да си жена војник е огромна чест и задоволство, униформата - благослов и моќ, што верувам дека секоја жена би сакала да го почувствува.
* За крај која е твојата порака до сите жени кои се плашат да запловат во тие води и да станат дел од Армијата?
- Ништо не е тешко ако го почувствуваш дека токму тоа е она што ти треба. Тежок пат, начин на живот, многу жртвување, но секогаш со цел. Огромна цел, за луѓето таму со коишто ја делиш потта, тежината, задоволството, за луѓето таму со иста цел - за својот народ.
Целото интервју на Женски магазин
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




