19 Мај, 2024
0.0322

Управниот суд ја одби тужбата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Управниот суд ја одби тужбата од ВМРО-ДПМНЕ по јавна седница што се однесуваше на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачкото место 1789 во Ново Село. Одлуката дополнително беше објавена откако опозицијата бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик. 


На седницата беше посочено дека немало забелешки за процесот на гласање кој траел до 19 часот, туку за сумирањето и утврдување на резултатите на ова избирачкото место. Никола Андонов од СДСМ оствари тесна победа со 15 гласови разлика пред Николчо Стоилков од ВМРО ДПМНЕ. Андонов освои 2.885 гласови, а Стоилков 2866 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ бараше поништување на гласањето бидејќи Избирачкиот одбор не бил во можност веднаш по завршување на гласањето да го состави Записникот со правилен внес на податоците за искористени гласачки ливчиња и за лица потпишани во Избирачкиот список за тоа избирачко место.

Било констатирано дека во Избирачкиот список се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија  на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место, откако по службена должност го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред и оти бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи кои гласале.

 

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално