Уредот за загревање на тутун GLO ги поместува границите – Добитник на престижната европска награда за дизајн на производи

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2025 09:57
Откако ја освои престижната европска награда за дизајн на производи во 2024 година, иновативниот GLOуред на БАТ (British American Tobacco) го обезбеди своето место меѓу лидерите во дизајнерската индустрија.
Секоја година, Европската награда за дизајн на производи, собира стотици апликации од целиот свет, а победници се оние кои носат револуционерни идеи и ги редефинираат стандардите во дизајнот. Оваа награда, која ја препознава извонредноста во дизајнот на производите, ја потврдува посветеноста на БАТ за иновации и супериорно корисничко искуство.
Европската награда за дизајн на производи е основана за да го истакне најиновативниот и најкреативниот дизајн на производи на глобално ниво. Жирито, составено од реномирани дизајнери, архитекти и експерти од индустријата, ги оценува производите врз основа на нивната функционалност, естетика и придонес во секојдневниот живот на корисниците. Оваа награда претставува еден од најпочитуваните стандарди во светот на дизајнот, обединувајќи ги најдобрите иновации од различни индустрии.
Уредот за загревање на тутун GLO e дизајниран да им понуди на корисниците модерна алтернатива на традиционалните производи. Неговиот уникатен дизајн и технолошки решенија го издвоија како победник во категоријата индустриски дизајн на производи. Ова признание е потврда за континуираните напори на БАТ да создава производи кои не само што се иновативни, туку и дизајнирани според потребите на корисникот.
Важно е да се нагласи дека во изминатите три години БАТ инвестираше повеќе од 1,4 милијарди евра во развојот, комерцијализацијата и науката зад портфолиото на тутунски и никотински производи со намален ризик*. Стратешката цел на компанијата е да ги префрли пушачите од цигари на алтернативни производи со намален ризик* и да стане бизнис без чад до 2035 година.
„Оваа награда е признание за сите нас во Бритиш Американ Тобако. Тоа ни значи многу, бидејќи е потврда за нашата посветеност на извонредност во дизајнот, но и за нашата крајна цел да ја трансформираме индустријата преку помалку штетни производи*, кои комбинираат врвна технологија и естетика. ПризнаниетозаGLO доаѓа како резултат на визијата и напорите на целиот тим на БАТ и дополнително не мотивира континуирано да ги подигаме границите на иновациите“, потенцира Саше Николовски, генерален менаџер за Албанија, Северна Македонија и Косово.
На почетокот на јуни минатата година, БАТ го лансираше уредот GLO HYPER PRO на македонскиот пазар, со што стана првата компанија од индустријата присутна со сите категории производи без чад, вклучувајќи електронски цигари, никотински кесички и загреани тутунски производи. GLO HYPER PRO носи комбинација од технолошки иновации и софистициран дизајн, вклучително и HeatBoost™ технологија за поинтензивен вкус и EasyView™ LED дисплеј за полесно управување со поставките и контрола на користењето.
Покрај уредот HYPER PRO, БАТ го претстави на пазарот и подостапниот GLO HYPER, кој нуди компактна големина, лесно користење и модерен дизајн, идеален за секојдневна употреба. Овој производ дополнително го проширува иновативното портфолио на БАТ и придонесува за глобалната цел да се создаде свет без чад од тутун.
*Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосна транзиција од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит
