05 Декември, 2025
0.0355

ЗА МНОГУМИНА Е ЛУКСУЗ: Колкави јагниња бараат македонските граѓани за Велигден?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 15 Април, 2025 07:59

Добивај вести на Viber

И оваа година за Велигден за многу граѓани јагнешкото месо е луксуз и нема да можат да си дозволат да си купат. Но, оние кои сакаат да си купат јагне за празникот, ќе треба да одвојат најмалку 100 евра.  Сточарите велат дека граѓаните најчесто купуваат помали јагниња, со тежина од 20 килограми, а многу ретко некој се одлучува за поголеми јагниња.

„Нашите потрошувачи бараат јагниња од 20, 25 до 27 килограми, според условите. За 20 килограми цената е 100 евра. Има и некои што бараат по 30, 32 килограми, ама тие се ретки. Ние сточарите оваа 2025 година ќе ја запаметиме како губење на пари, а кланичарите ќе ја запаметат како добивање на пари“, вели Марјан Стојаноски, сточар од прилепско.

И другите сточари се револтирани од состојбите во државата и бараат конкретни мерки кои ќе им обезбедат сигурност во иднина.

„Луѓето земаат јагниња до 20 килограми и тоа ќе чини околу 100 евра. Ретко купуваат поголеми јагниња, ако го делат две фамилии. Некој ќе земе и 30 килограми и 35 килограми, ама доколку го делат две семејства. Веќе 50 години наназад едноставно трпиме штета и ако порано го дававме по 100 денари за килограм, цената беше 200 денари во касапница, а сега е потешко, не можам ни да ги продадам“, вели сточар од битолско.

За неколку дена верниците ќе го слават големиот празник Велиден и после постот, семејството се собира на богата празнична трпеза со мрсна храна.

„За празникот бараат јагниња од 20 до 25 килограми. Најверојатно таа големина  им одговара и сакаат мало јагне, затоа што сметаат дека месото од младо е поубаво“, рече сточар од Штип.

И оваа година дел од македонските јагниња завршија на пазарите во Италија и Хрватска.

„Проблем е тоа што во странство не земаат големи јагниња. За Италија конкретно бараат мали јагниња. Мало јагне е до 22 килограми, прва класа. Над тоа не ги сакаат за извоз. За Велигден ако земаат граѓаните, бараат од 20 до 35 килограми, за да има за цела фамилија. Ние ги продаваме во кланиците и оттука се колат и се пласираат на пазарот. Имаме голем проблем со кланиците, ги земаат со ниска цена, а за граѓаните месото оди по 700 до 800 денари за килограм. Тие профитираат повеќе од сточарот“, велат од земјоделска задруга Шари од Тетово.

Сточарите веќе побараа по завршувањето на откупот да се договорат дали за во иднина се планира пораст на цените за да произведуваат јагне или да го намалат бројот на овци и да ги чуваат само за млеко и сирење. Велат дека со цена од 210 до 230 денари за килограм жива мера се во загуба. Заради ниските цени,  бараат државата годинава да го укине условот за субвенциите да биде 50 отсто од јагнињата да мора да се продадат на откупувачите. Објаснуваат дека на тој начин се доведени во незавидна положба.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво