14 Декември, 2025
0.0298

Уринарни инфекции препознавање на симптоми и третман

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2023 12:14

Добивај вести на Viber

Уринарните инфекции почесто ги погодуваат жените, а за тоа постои и објаснување. Непосакуваните бактерии лесно влегуваат во женскиот мочен меур, поради пократкиот мочен канал. Инфекцијата најчесто се јавува кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи и кај жените во менопауза. Симптомите на уринарната инфекција се чувство на притисок во мочниот меур, пецкање при мокрење, заматена урина и крв во неа, покачена температура и болки во долниот дел на стомакот. Доколку ги имате овие симптоми, почнете што побрзо да ги лекувате, затоа што подолгото одложување може да доведе до тоа бактериите да влезат во бубрезите и да предизвикаат поголеми компликации. Повеќе од 90% од сите уринарни инфекции се предизвикани од бактеријата Ешерихија коли, која природно се наоѓа во вашите црева. Оваа бактерија е како бумеранг, па често и по третирањето знае бргу да се врати, со што конвенционалните лекови често ја губат битката бидејќи телото се навикнува на нив.

Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жените отколку кај мажите бидејќи кај жените уретрата е пократка, рамна и широка и поради тоа бактериите полесно може де преминат во мочниот меур.Отворот на уретрата кај жените е во близина на вагината и дебелото црево па со тоа е изложен на поголем број микроорганизми. Поради истата причина, и кај децата девојчињата почесто заболуваат. Кај жените, исто така, почести се и воспаленијата на мочниот меур или циститис, а кај мажите почесто е воспалението на уретрата или уретритис.


Уринарните инфекции се лекуваат со антибиотици според наодот кој го покажува антибиограмот на уринокултурата. Антибиотиците ги напаѓаат бактериите и ја олеснуваат нивната елиминација, но нивната честа употреба носи одредени ризици, како дијареја и појава на резистентни соеви.Најчесто користени антибиотици се Фосфомицин,Флуорокинолони,Цефалоспорини. Во борбата против уринарните инфекции ефикасни се билни лекови и диететски суплементи. Може да се земаат паралелно со антибиотската терапија, а најпрепорачливи се како превентива.Д-манозата на пример,е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи за природен препарат за отстранување на E.Coliод уринарниот тракт.Токму благодарение на Д-маноза, брусницата е ефикасна во лекувањето на уринарни инфекции. Потребната дневна доза е 2 гр. која во комбинација со пробиотик (Saccharomycesboulardii) за само неколку дена ја лекува инфекцијата предизвикана од Ешерихија Коли. Д-манозатае апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите.

Др.Влатко Ристов – специјалист уролог

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија