Добивај вести на Viber
Досега се доделени околу 2.000 бесплатни билети за традиционалната манифестација „Појадок на мост 2013“ што ќе биде одржана в недела, на 22 септември, информираат од Град Cкопје.
Преостанатите 500 бесплатни билети, граѓаните можат да ги подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“, најдоцна до четврток, 19 септември. Пунктот на плоштадот „Македонија“ е поставен од 10 до 15 часот.
Четвртиот „Појадок на мост“ на 22-ри септември ќе почне во 9 часот, а ќе заврши во 11 часот. Секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалок.
Поради големиот интерес на граѓаните, Град Скопје годинава настанот ќе го организира на два моста, Камениот и Око, а бројот на посетители е ограничен на 2 500.