Уште еден авион на „Виз ер“ ќе лета од Скопје
Објавено во: Мои пари 05 Август, 2013
Промоција на вториот авион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ која реализира летови со субвенции од македонската Влада ќе се оддржи денеска на која ќе присуствува и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Плановите за раст на компанијата преку нејзината база на скопскиот аеродром ќе ги објави Џон Стивенсон, извршен потпретседател на „Виз Ер“.
По потпишувањето на тригодишниот договор со Владата, авиокомпанијата од октомври минатата година воведе летови од скопскиот аеродром кон шест европски дестинации. Со договорот се обврза да воспостави база од најмалку еден авион на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и да ја одржува во период од три години.
Субвенционирањето на авиолетовите е дел од проектите на Владата за зголемување на сообраќајот на аеродромите во Скопје и во Охрид и на бројот на туристи.
До крајот на 2014 година за субвенционирање авиолетови се планирани 306 милиони денари. Субвенционирањето се врши врз основа на воведување нови дестинации и зголемување на бројот на патници.