Добивај вести на Viber
ЈСП најавува нов проект, наскоро ќе го отвори првиот музеј на автобуси во земјава. Музејот ќе биде сместен во Автокоманда, каде што се наоѓа дирекцијата на јавното претпријатие.
Директоро Мишо Николов, во интервју за порталот Скопје инфо, открива дека во Автокоманда ќе бидат изложени седум автобуси од марките Лејланд, Санос, Раба, Ман, Икарус. Сите овие автобуси, во одреден период изминатите 65 години колку што постои ЈСП, превезувале патници низ Скопје.
За Николов, со оглед на фактот што во 2013 година компанијата одбележа 65 години од своето основање, а целосно е обнов возниот парк, идејата за отворање музеј за автобуси е логичен чекор.