06 Декември, 2025
0.0414

Уште еден туристички центар го ограничува бројот на посетители

Објавено во: Стил 06 Ноември, 2018 19:44

Добивај вести на Viber

По многу познати градови и знаменитости, и Музејот во Ватикан планира да го ограничи бројот на посетители поради стравот на туристичките водичи дека поради големиот број луѓе би можело да дојде до стампедо, ако не се направат промени во безбедносните одредби.

Музејот се состои од 54 галерии во кои е сместено непроценливо богатство собрано низ вековите, поради што привлекува повеќе од шест милиони луѓе годишно. 

Туристичките водичи велат дека секојдневно во музејот се онесвестуваат минимум десет луѓе, а некои посетители доживуваат панични напади или клаустрофобија.

Водичите, кои секоја година за лиценца плаќаат 250 евра, сметаат дека условите се најлоши за време на летните месеци кога бројот на посетители е најголем – повеќе од 30 илјади лица дневно, и кога температирите достигнуваат и до 40 степени.

Во Венеција и Барселона на граѓаните им пречеше големиот број на туристи. И во хрватски градови имаше реакции, но не дојде до ограничување на бројот на туристи. 

фото Википедија

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: