УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ЃЕРЃЕВИ: Почина дедото на двете момчиња, позитивно на ковид е и третото братче
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020
По двете моммчиња
од Кавадарци, кои на 21 и 26-годична возраст починаа од корона вирусот на
Инфективната болница во Скопје, во последното деноноќие почина и нивниот дедо.
Позитивен на вирусот е и нивниот трет брат.
Ова го потврди за Фактор директорот на Општата болница во Кавадарци, д-р. Диме Коцев, кој рече дека пациентот бил со неколку сериозни коморбидитети.
-Во болницата во Кавадарци во последните 24 часа починаа двајца пациенти. Едниот од нив е дедо на момчињата Ѓерѓеви кои имаа сериозни компликации од ковид и не ја издржаа борбата со вирусот поради нивната хронична болест, апластична анемија. И нивниот дедо имаше повеќе коморбидитети, по што за жал и тој почина. Во ова семејство, позитивен на вирусот е и третото братче. Но, за среќа се уште нема побарано болнички третман. Оттука претпоставувам дека има полесна клиничка слика, па неговата здравствена состојба се следи кај матичниот лекар, изјави за Фактор, д-р. Коцев.
Претходно, како што вели директорот на кавадаречката болница, заразен со корона вирусот бил и нивниот татко, но и на него не му била потребна хоспитализација, а оттогаш се поминати две недели.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ШТО ГИ НЕРВИРА НАШИТЕ СОСЕДИ? Некој бурек, некој Србин, а Македонија - Бугарија
ДВАЕСЕТГОДИШНИ МОМЧИЊА СО ПРИНТЕР СИ ПРАВЕЛЕ ПАРИ: Уапсени за фалсификување

„БИН БИН“ СКАНДАЛИ ЈА ТРЕСАТ ЈАВНОСТА: Фрлени во вода, декорирани со сакции цвеќе-скопјани парче ги направија електричните тротинети

Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со претседателот Мицкоски, дајте му го

И САМКА ИБРАИМОСКИ СЕ ОГЛАСИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Ако ги ставиме Бугарите во Устав, Македонија ќе биде членка на Еу до 2026

ЗА 4.000 ЕВРА НАБАВИЛЕ УКРАИНСКИ ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ: Жители на Турција уапсени на Табановце

ДУИ ЗАСТАНА ЗАД ГРУЕВСКИ: Алтернатива обвинува дека албанската партија е во постојана комуникација со груевски

ПО СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ: Најнови детали за тоа како се одвива сообраќајот

ГЕРАСИМОВСКИ ДОСЛЕДЕН ДО КРАЈ: Отстапување од дозволи и прописи за градба нема да толерираме!
