Уште едно луксузно возило запалено во Скопје
Објавено во: Македонија 16 Август, 2020
Синоќа 02.30 часот на улица Иван Манолев во скопски Бутел било запалено возило од типот BMW во сопственост на Е.Д.
Пожарот први го забележале полицајците додека вршеле мотопатролна дејност. Автомобилот бил со скопски регистерски таблички.
Пожарот бил изгаснат од противпожарна единица на Град Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.