27 Април, 2024
0.0282

УШТЕ КОЛКУ БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ: Следен ковид-центар ќе бидат хируршките клиники

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Со сè повисокиот број на новозаразени, сè поголем е и бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување. Дел од нив се со тешка клиничка слика кои итно треба да се сместат во некои од ковид центрите. Здравствените власти уверуваат дека засега има места во болниците и покрај тоа што вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1291. Во моментов, како што информира Министерството за здравство, околу 500 легла има во ковид-центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники, дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници. Велат и дека оваа бројка варира бидејќи секојдневно се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат  дополнителни легла.

Сепак, целиот здравствен систем е мобилизиран, па доколку се јави потреба за допилнителни болнички кревети за пациенти со ковид-19, ќе се ослободи простор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

За ова, во текот на вчерашниот ден, министерот за здравство, Венко Филипче имал состанок со директорот на хируршките клиники-ТОАРИЛУЦ, д-р. Александар Трајановски.

-Оваа средба беше редовна коордианција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

-Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе денови, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, информираат надлежните.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“