29 Април, 2024
0.0272

УШТЕ НЕМА ПРОТОКОЛИ ЗА ХОТЕЛИТЕ И ЗА СВАДБИ - ќе настрада ли шведската маса

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Иако хотелиерите и угостителите бараа, се уште нема владин „пас“, ниту протоколи за работењето на хотелите, ниту за организацијата на свадби и друг вид прослави во угостителските објекти. Иако за ова прашање вчера се разговарало и на владина седница, конечно решение не е усогласено.

Владата го задолжила министерот за здравство Венко Филипче да обезбеди предлог од Комисијата за заразни болести за овие протоколи. 

„Оваа тема вчера беше разговарана на седница на Владата каде што го задолживме министерот за здравство да се обезбеди предлог од Комисијата за заразни болести за усвојување нови протоколи посебно во овие делови и сектори. Очекуваме денеска или најдоцна до утре да имаме такви предлози и секако дека би ги усвоиле како Влада, имајќи предвид дека хотелите и не се затворени со одлука на Владата. Што се однесува до угостителските објекти кои организираат свадби, секако ги очекуваме предлозите и сугестиите на Комисијата за заразни болести. Јас сум убеден дека не до крајот на годината туку многу порано би можеле и тие да работат“, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Засега, рече министерот, нема конкретни проценки колкава е штетата врз хотелиерството од кризата.

Фактор веќе објави дека хотелиерите и угостителите, како и туристичките агенции, вчера седнаа на заедничка маса, со цел да бараат од него решение за обезбедување на протоколи за работа, за хотелите да можат да ја стартуваат својата работа, додека, пак, угостителските објекти да можат да почнат да организираат свадеби и други прослави, особено на обние на кои им е главен овој бизнис. 

Според хотелиерите, тие би прифатиле услов масите во нивните ресторани да бидат согласно протоколите за работа во угостителските објекти, односно соодветна раздалеченост меѓу гостите. Ова би значело и кога станува збор за шведската маса, на која е поставена храна за гостите, неа веќе да ја нема, туку има предлог храната за гостите да ја дели еден од вработените во самиот хотел.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи