25 Ноември, 2024
0.3022

ХОТЕЛИЕРИТЕ БАРААТ ДА СЕ ДОНЕСАТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА, рестораните сакаат да се отворат за свадби

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Хотелиерите, угостителите и претствници на туристичките агенции вчера седнаа на заедничка маса со министерот за економија, Крешник Бектеши. Овие сектори кои беа најпогодени од корона кризата имаат голем број барања, кои ќе мора да се разрешат.

Хотелиерите бараат што побргу Владата да ги донесе протоколите за организирање на хотелиерската дејност. Без нив хотелите не би можеле да бидат отворени и да функционираат. А познато е дека Владата најави дека во наредниот период планира да ги отвори хотелските капацитети, како една од мерките на олабавување. 

Всушност, она што сега се кажува, е дека хотелите во земјава воопшто и не биле затворени, но со оглед на тоа што беше забрането ресторанското работење, како и работењето на баровите, а забрането е и групирање на граѓани, практично хотелите и не рабoтеа. Ова дотолку повеќе што, заради затворените граници, во земјава нема странски гости, ниту пак, се одржуваа конференции во кои би биле искористени хотелските сали. Дел од хотелските капацитети, пак, како што е познато, се користеа како државни карантини.

РАБОТЕЊЕТО НА ХОТЕЛИТЕ НЕ НИ БИЛО ЗАБРАНЕТО

На состанокот со Бектеши, од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, нагласиле дека е време Владата да ги донесе протоколите, бидејќи сега се создадоа услови за хотелите да можат да почнат да работат. 

„Но, за тоа немаме официјална потврда. Сите велат дека работењето на хотелите не ни било забрането, а од друга страна не смеат да функционираат нивните ресторани и барови. Затоа мора да се донесат протоколи за нивното работење. Бидејќи, рестораните и локалите што не се во рамки на хотелите веќе смеат да работат и за нив има протоколи, но се уште не можат да работат оние во хотелите. Од друга страна, се отворија и терасите, што значи дека би можеле да почнат со работа и терасите на хотелите“, велат извори на Фактор од хотелиерската дејност. 

А ситуацијата со хотелите станала дополнително збунувачка откако за време на изминатиот продолжен празничен викенд, голем број од граѓаните заминаа за Охрид, при што дел од нив се сместија во приватни сместувачки капацитети, а дел во хотелите. Државната пазарна инспекција, како што е познато, вршеше контроли во Охрид, при што беа најавени 22 кривични пријави, откако претходно се испитувале и приватните станови, но пазарни инспектори влегле и во хотелите. Објаснувањето било дека кривичните пријави не се заради сместувањето, туку заради тоа што не се почитувале здравствените препораки за негрупирање на граѓаните. 

КОНЕЧНИОТ ЗБОР ЌЕ ГО ИМА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Извори од хотлиерската дејност сметаат дека е време Владата да ги расчисти овие дилеми. Владата, пак, протоколите за хотелите ќе ги донесе согласно препораката што ќе ја даде Комисијата за заразни болести. Неофицијално се дознава дека Здружението за угостителство и туризам при СКМ имаат предлог до Комисијата, односно теркови за тоа како би изгладеле протоколите кои веќе важат во Европа, а кои лесно би можеле да бидат применливи и во наши услови. 

„Впрочем, хотелите треба да профункционираат и затоа што на тој начин би се користеле и владините ваучери за туризам. Од друга страна, хотелите се многу побезбедни, од на пример, некои сместувачки капацитети каде се групираат голем број на лица“, велат наши извори од хотелиерската дејност. 

Министерот Бектеши им рекол на хотелиерите дека тие не смееле да бидат казнувани, бидејќи нивното работење не ни било забрането, односно никогаш не беше донесена владина уредба за нивно затворање. Секаде каде што имало санкции од Пазрана инспекција, тоа било заради непочитување на здравствените препораки, односно не се почитувале мерките за заштита на здравјето на граѓаните. 

А во врска со протоколите за работа на хотелите, од Економија нагласуваат дека нив треба да ги донесе Комисијата за заразни болести. „Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на протоколите“, се вели во соопштението од министерството на Бектеши. 

Засега се уште не се знае кога хотелите ќе почнат со работа.

Министерот информирал и дека е подготвена и Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани, во висина од 50 отсто, а најмногу до 30.000 денари, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување.

УГОСТИТЕЛИТЕ БАРААТ ОТВОРАЊЕ НА РЕСТОРАНИТЕ ЗА СВАДБИ

Дел од барањата на туристичко-угостителскиот сектор биле и отварање на авто-камповите, како и да се донесе протокол за нивна работа, како и отворање на плажите. 

Угостителите барале и отворање на рестораните за свадби, како и за игротеки.

„Угостителите се интересираа јасно да се каже кога ќе се отворат рестораните за свадби, бидејќи голем број од свадбите веќе се откажани, а постои опасност тие да бидат откажани и до крајот на годината, со што целосно ќе пропадне овој бизнис“, велат учесници на состанокот.

Министерот за економија упатил порака до туристичко- угостителскиот сектор дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги имаат донесено за помош на најпогодените сектори, ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите