Успешниот настан ,,Месецот на спорт” ја напиша победничката приказна
Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2015 14:07
„ Од голем број на пријавени екипи, над 1000 учесници, во 8 спортски дисциплини, најдобрите победија, но најважно од се’ е учеството, дружењето и убавите моменти поминати на терен, со многу адреналин и желба за победа. “ - изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и Директор на Месец на Спорт.
Изминатите 45 дена, ,,Месецот на Спорт” беше настан кој ги обедини сите бизнис единки кај нас, сите компании кои се натпреваруваа и се докажуваа кој е подобар. Во спортскиот центар „Форца“ , и СЦ ,,Борис Трајковски”, се одржуваа разни натпревари помеѓу пријавените компании. Уникатноста на овој настан е во компаниите и спортскиот дух на нивните вработени.
Вчеравечер во спортскиот центар „Форца“, се наградија најдобрите, се дружеа сите учесници и уживаа во пријатната атмосфера на финалниот ден на ,,Месец на спорт”.
„Од голем број на пријавени екипи, над 1000 учесници, во 8 спортски дисциплини, најдобрите победија, но најважно од се’ е учеството, дружењето и убавите моменти поминати на терен, со многу адреналин и желба за победа. Но, овде спортскиот центар Форца не застанува, од септември започнуваме со бизнис лигата во фудбал и новитетот за оваа сезона, е бизнис лигата во Баскет која што ќе трае цела година, а за која што постои голем интерес.“ - изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и Директор на Месец на Спорт.
Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, видни македонски компании, учесници од сите сектори на македонската економија, се натпреваруваа во 8 спортски дисциплини, што е причина плус за големиот интерес и докажување кој е најдобар. Прво наградените добија вредни награди кои ќе можат да ги искористат летово и да одморат од спортскиот период полн со адреналин и натпреварувања.
„Месец на спортот” е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените, кои на рекреативен начин се спортувааше и докажуваше кој во која спортска дисциплина е најдобар.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете









