16 Јануари, 2025
0.0315

Успеваат ли жените жртви на насилство да станат независни, да се вработат, да почнат свој бизнис?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Вообичаено, во нашата држава жените жртви на насилство и семејно насилство потешко наоѓаат работа и потребно е време додека да го пријават насилството, да заминат од домот на насилникот и да станат финансиски независни.

За поголемиот дел од жените жртви на насилство и семејно насилство работната интеграција на пазарот на труд оди тешко. Ова го потврдува Ирена Стојчевска, социјален ментор (ментор за работна интеграција), вработена во Младински културен центар Битола (МКЦ-Битола). Стојчевска објаснува дека причините за оваа состојба се многубројни и истите доаѓаат како од самите ранливи лица, така и од микро и макро средината. Додава дека неспорен е фактот дека по напуштањето на насилната средина жените жртви не се спремни за самостојно вклучување на пазарот на труд и имаат потреба од различни сервиси и видови на поддршка кои ќе им помогнат да се зајакнат, мотивираат и насочат кон економско зајакнување. Со соодветна поддршка за нивно зајакнување, која ја обезбедуваат преку социјалното менторство, жените со кои работат постепено ги воочуваат сопствените капацитети и се вработуваат во приватни фирми, во државен сектор, а некои успеваат да започнат свој бизнис. 

„Проблемот со пронаоѓање живеалиште или престојувалиште е првата препрека со која поголемиот дел од овие жени се соочуваат и најголемата причина зошто не се решаваат да го пријават насилството и да ја напуштат таа средина. Понатаму, ниската самодоверба и мотивација, социјалната исклученот и недостигот на вештини и стручни компетенции се само дел од препреките кои се надоврзуваат во нивното спречување/отежнување при вклучувањето на пазарот на труд. Во 2020 година од страна на Асоцијација за истражување комуникации и развој ПАБЛИК Скопје креирана е програма за социјално менторство (менторство за работна интеграција), која што програма е верификувана од страна на Центарот за образование на возрасни и Министерство за образование и до овој момент во државата има 12 сертифицирани социјални ментори. Оваа програма е програма која што е целосно насочена кон обезбедување интеграција на пазарот на труд на сите ранливи категории, помеѓу кои и жените жртви на насилство и семејно насилство. Станува збор за период кој опфаќа алатки што им овозможуваат на тешко вработливите луѓе да ги препознаат своите силни страни, да бидат мотивирани и охрабрени да се вклучат на пазарот на труд, но и да се задржат на работното место. Преку спроведените анализи и проценки за секое лице се изработува индивидуален план за развој во којшто се поставуваат цели кои во себе вклучуваат различни активности кои се во согласност со потребите и вештините на менторираното лице, а ќе придонесат кон тоа да менторираното лице биде поконкурентно на пазарот на труд и истото полесно најде работа“, вели Стојчевска.

Таа објаснува дека во рамките на програмата го следат и напредокот на поединецот низ различните фази на работната интеграција што вклучува евидентирање на предизвиците, интервенирање за надминување на предизвиците и за овозможување полесен и побрз развој на поединецот, како и следење на резултатите од преземените активности за поддршка.

„Во 2022 година во рамките на проект којшто ПАБЛИК го работеше со финансиска поддршка од UN Women Скопје четири социјални менторки работевме со 15 жени жртви на насилство и семејно насилство од Општините Битола, Куманово и Скопје. Резултатите од овој процес се 15 зајакнати жени со значително подобрена мотивација и самодоверба и стекнати вештини и знаења. Ниту една жена не се врати во насилната средина, а 13 од нив се вклучија на пазарот на труд и се уште се во работен однос. Во однос на работните места сите 13 жени се вработени во согласност со нивните компетенции и потенцијали и тоа на различни работни позиции, дел во приватен сектор, дел во државен сектор, а две (2) од нив се охраборија и започнаа сопствен бизнис. Денес нивните видици се многу пошироко отворени и веќе самите размислуваат како да се подобрат на работната позиција која што веќе ја имаат или што да направат за да се стекнат со подобра работна позиција и подобар приход. Сите овие промени заедно кај нив прават една нова слика за себеси, за нивните капацитети, можности и квалитети, што е и самата цел на социјалното менторство“, рече Стојчевска.

Таа додава дека предизвиците со кои се соочуваат овие жени не се само нечии животни приказни, туку, се реални животни ситуации со кои, за жал, огромен број на жени секојдневно се соочуваат.

„За таа цел потребно е од страна на државата да биде препознаена потребата од овие услуги и да се работи на нивно обезбедување кое ќе биде достапно за сите жени жртви на насилство и семејно насилство. Потребна е многу поголема сензибилизираност од страна на инстиуциите во однос на пристапот на работа со оваа ранлива категорија. Истовремено, потребно е да се работи на креирање мерки за вработување кои што ќе се достапни ве текот на целата година и истите ќе се направени врз основа на реалните потреби на жените, но и на понудата и побарувачката во секоја општина одделено, како и да постои буџет којшто би бил наменет за нивна стручна доквалификација или преквалификација со цел стекнување соодветни вештини кои ќе придонесат кон нивно интегрирање и задржување на пазарот на труд“, додава нашата соговорничка.

Инаку, Државниот завод за статистика регистрира пораст на бројот на кривични дела поврзани со семејно насилство, па така ако во 2020 година имало 992 дела, во 2021 нивниот број е 1.056, а лани бројот изнесувал 1.117 кривични дела. Најголем дел од нив се однесуваат на телесна повреда, а потоа следи загрозувањето на сигурноста. На годишно ниво, според ДЗС, имало околу 600 или над 650 случаи на телесна повреда. Сторителите најчесто се мажите, а жртви се жените. Обратните случаи се многу ретки.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/thanyakij-12

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја