Усвоен акциониот план за чистење на речните корита
Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2013
Акцискиот план за чистење на 142 километри речни корита го усвои Владата и донесе одлука за обезбедување 946.600 литри нафта за негова реализација, информира денеска на прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
- Се надевам дека со реализација на акцијата ќе дадеме придонес во иднина да нема поплави, особено во пролетниот период, но ќе се грижиме и за квалитетот на водата, рече Адеми.
Нафтата, како што истакна, е обезбедена и отстапена на МЖСПП и на барањата на општините и водостопанствата пропорционално е поделено за сите.
Ресорниот министер денеска имаше средба со градоначалниците и директорите на водостопанствата, каде им била пренесена информацијата и побарано е поголема одговорност во релаизација на акцијата