Добивај вести на Viber
Неколку скопски села како и делови од населбите Шутка, Ѓорче Петров и Даме Груев утре ќе останат без струја, соопштија од ЕВН Македонија АД,со образложение дека прекините се поради зафати во мрежата.
Оттука утре од 8.30 до 13.30 часот струја ќе нема во селото Петровец, а од 9 до 15 часот струја и на улицата Федерико Гарсија Лорка во општина Шуто Оризари, како и во селото Копаница, кај училиштето и на влезот од селото.
Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од улицата Атанас Илоски во општина Ѓорче Петров, а меѓу 11 до 12 часот и дел од улиците 40 и 42 во Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров.
Во периосот од 9.30 до 11 часот труја ќе нема и во населбата Даме Груев, на улица Лука Геров, од број 20 до број 60.