28 Април, 2024
0.0315

УТРИНСКИ ФОКУС: Балканот го зафати невреме

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

*  (ВИДЕО) АПОКАЛИПСА НА ХАЛКИДИКИ: Невремето однесе и жртви

Шест лица го загубиле животот во невремето коешто го зафати полуостровот Халкидики, во северна Грција. Според Ројтерс станува за лица кои се странци, пренесуваат медиумите од регионот.

Според медимот двајца од жртвите се возрасни лица од Чешка, Една жена од Рманија и нејзиниот 8 годишен син и еден маж и едно момче од Русија. По невремето околу 100 лица побарале медицинска помош.

Нанесени се големи материјални штети кај продавници, ресторани, кафичи, но и кај куќи, на некои места на Халкидики нема ниту струја.

МНР: Нема загинати Македонци во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

*  (ВИДЕО) Паѓале гранки, керамиди, оџаци: Страшно невреме во Преспа

Нема повредени по страотното невреме, незапаметно во последните неколку децении кое вчера попладнето го зафати преспанскиот регион. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека најпогодени биле селото Крани и автокампот Крани, но и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и беше прекината електричната енергија. 

„Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции, соопштија синоќа по невремето од Центарот за управување со кризи.

Загрижувачки бројки за уплатата на придонесите: Скоро 50.000 вработени се без здравствено осигурување

Безмалку 50.000 лица во моментов немаат здравствено осигурување бидејќи работодавачите им доцнат со исплата на платите. Поради заснованиот работен однос тие не можат да се пријават и како невработени па да имаат право на здравствено осигурување.

Но не се само тие – проблемите со доцнењето на платите ги погодува и нивните блиски односно децата кои се осигурани преку нив, па дополнително уште над 23 илјади луѓе не можат да се лекуваат на трошок на ФЗОМ .

*  ЖАРИШТА ВО ДРЖАВАТА: Koлку се контаминирани македонските почви?

На државата под итно и е потребно носење на закон на почви, вели Светлана Станојковска, екологист од Прибиштип и додава дека во 2015 година требаше да биде донесен овој закон, но се покажало дека се нема политичка волја.

Таа додава дека без ваков закон не можеме да се надеваме на некакви европски  интеграции. Тврди дека и ден денес се загадуваат почвите во Пробиштип од различни извори, и тоа е многу штетно.

„Загадување на почвите и водите во Пробиштип континуирано се врши и со работата на индустриските капацитети како Фабрика за акумулатори во чиј состав има и Топилница за топење на старо олово, несанитарната депонија ,,Озрен“, а во најскоро време ќе почне да загадува и Челичарата во Пробиштип. Што е многу , многу е!, вели таа.

ЗЕЛЕН КАРТОН: Скап е, ама го бараат се повеќе во Македонија

И покрај декларациите дека е скап, Македонците платиле 10.000 зелени картони повеќе за една година за своите патнички автомобили, вели пресметката на Националното биро за осигурување, споредувајќи ги 2018 и 2017. Оваа полиса се смета како дополнителен издаток за оние граѓани кои патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил. Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство. Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 30 евра, a за една година 60 евра. Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е поврзан со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.



Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце