06 Мај, 2024
0.0385

УТРИНСКИ ФОКУС: Крај на надежите за правна држава

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

*  Крај на надежите за правна држава или решителност за рушење на корупцијата?

Оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева предизвика земјотрес во домашната јавност и нов пад на довербата на граѓаните во правосудните институции. Ова особено доаѓа до израз откако беше отворена истрага од ОЈО за вршење рекет и влијание врз обвинител против Бојан Јовановски и Зоран Милески кои од бизнисмени изнудиле околу 5 милиони евра за да им помогнат потоа да добијат поблаг однос од СЈО, како и тоа да не се објавувале за нив компромитирачки содржини од „бомби“ кои биле во 1ТВ. Со професорката Мирјана Најческа разговараме за тоа како да се продолжи борбата со корупцијата и неправдата, и колку овој случај е важно да се расчисти за земјотресот да не ги сруши целосно и онака кревките темели на правната држава.

Панчевски по суспендирањето: Избркан сум како партал од канцеларијата

Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, на својот профил напиша дека „утрово бил избркан како партал од канцеларијата“ во Судскиот совет.  Судскиот совет одлучи да го суспендира поради постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

Талат Џафери двосмислен за скандалот со СЈО и европската перспектива

Талат Џафери, претседателот на Собранието, е двосмислен кога станува збор за прашањето дали последните случувања во Специјалното јавно обвинителство и поврзаноста на Катица Јанева со случајот „Рекет“ ќе ги забават евроинтеграциите на Македонија, особено кога земјата чека Датум за преговори со ЕУ наесен.

„Во однос на ЕУ може да има влијание, и позитивно и негативно, зависно од тоа како ќе се одвива овој процес. Во тој контекст сметам дека сите ќе бидат доблесни процесот да го водат професионално“, изјави Џафери во Вашингтон за Гласот на Америка.

* Чекаме на кинески туристи ама имаме само еден водич што знае кинески јазик

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот(АППТ), Љупчо Јаневски истакна дека земјава во првиот квартал во оваа 2019 година ја посетиле 232.530 туристи. 

Тој e оптимист дека и годинава бројот на туристи во земјава ќе се зголеми, иако според нивните информации и анализи процентот за разлика од минатите години би бил помал и би се движел од 3 до 5 отсто.

Во првите три месеци од годинава е забележан раст за 30 отсто на туристите од Полска, потоа следуваат туристите од Грција со раст од 29 проценти, Хрватска, Бугарија и Романија.

Каде Гајур Кадиу пазари „бела линија“?

„Македонијапат“ на тендер со една понуда купи материјали за белата линија за одбележување на државни патишта и за тоа ќе плати 960.000 евра. Една иста фирма „Крафтинг ГРУП“ од 2015 година до сега (пет години) во шест наврати продаде исти материјали за белата линија во вкупна вредност од 3,44 милиони евра. Вчера премиерот Зоран Заев го разрешни Кадриу кој од 2014 година ја води „Македонијапат“

Скопската фирма „Крафтинг Груп“ е специјалист за набавка на материјали со кои „Македонијапат“ ги црта белите линии на нашите регионални патишта и на автопатите. Најновиот договор што го склучи Гајур КАдриу, генералниот директор на „Македонијапат“ со „Крафтинг ГРУП“ вреди 960.000 евра, а на тендерот имало само една понуда!

Дел по дел: Половина од автопатот Кичево-Охрид во функција догодина

Планираме наредната година да се обидеме  триесете километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат, по тој дел од автопатот Кичево-Охрид, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој исто така рече дека кинеската Еским банка ги известила институциите дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит и очекува динамизирање на активностите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.





Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје