Узбекистанец го изврши нападот во Шведска
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Полицијата приведе маж што најверојатно е напаѓачот од Стокхолм, кој со камион удри во минувачи.
Уапсениот не е именуван, но шведските медиуми известуваат дека е Узбекистанец. Се смета дека Узбекистанецот веројатно е поддржувач на организацијата „Исламска држава“.
Во нападот загинаа 4 лица, а беа повредени 15.
Обвинителот Ханс Ирман рече дека во текот на денов тој ќе биде сослушан, по што или ќе остане во притвор или ќе биде пуштен на слобода.
Полицијата соопшти дека уапсениот не личи на лицето од фотографијата што се појави во медиумите по нападот.
На границите има строги контроли.