Добивај вести на Viber
В понеделник, десет произведувачи на сушени производи, кои изминатите 4 месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, како дефицитарни кадри, ќе добијат сертификати. Официјалниот настан ќе се случи 11 часот во средното училиште „Марија Кири-Склодовска“ во Скопје.
Кандидатите ја следеа обуката два месеца во училиштето во специјализираната работилница и два месеца беа на практична работа во компании, кои се занимаваат со истата дејност.
Целта на оваа обука беше кандидатите да се здобијат со сертификат што ќе им помогне за полесно вработување.
Обуката се организира во рамки на програмата за обука на кадри дефицитарни на пазарот за трудот организирана од Владата и Агенцијата за вработување.