18 Мај, 2024
0.8095

ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР И ПОБЕДАТА НА БАЈДЕН - ги поскапуваат и нашите бензини, побргу наточете гориво

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто, соопшти РКЕ.

„Неколку причини, односно информации влијаат врз зголемување на цената на нафтата. Најавите од ОПЕК за разгледување на можноста од значително намалување на производството на нафта и во 2021 година, како резултат на дополнителните ограничувања на движења, наметнати поради пандемијата во Европа е една од причини која допринесе за пораст на цената на нафтата. Се проценува дека со ваквиот пристап ќе се овозможи да настане умерен пад на глобалните залихи, кој се очекува да се забрза со средината на 2021 година. Во исто време како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Covid-19, се покажале како ефикасни во 90 отсто кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза. Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10 отсто, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на УСА $ и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп“, смета Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 09.11.2020 година

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384 ден/кг и ќе изнесува 27,580 ден/кг.

Од 17.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95                    60,00 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС -98                   61,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                    51,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                 51,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                              27,580 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 8,563%, дизелот за 9,152%, екстра лесното масло за 10,956 %  и кај мазутот 9,339%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,831%.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа