Вакцината против ковид веројатно ќе биде сезонска, „Торлак “ќе биде стратешки партнер за набавка на вакцини, најави Филипче
Објавено во: Македонија 20 Април, 2021
Министерот за
здравство Венко Филипче, кој денеска во Белград имаше средба со неговиот српски
колега Златибор Лончар изјави дека договориле Институтот за вирусологија, вакцини и серуми
„Торлак“ да биде стратешки партнер
на Македонија за набавка на вакцините против корона вирусот.
-Договоривме Институтот за вирусологија „Торлак“, во периодот што е пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче.
Истовремено Филипче изрази благодарност за досегашната соработка со Србија во однос на вакцините, односно донациите од страна на Србија за нашава земја. Посебно се заблагодари на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Благодарејќи на тие вакцини ние почнавме со процесот на имунизација и сега се вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, потоа дел од вработените во полицијата, Армијата, судовите итн. Дозволете да ја изразам и благодарноста што Србија ја отвори ширум вратата да бидат вакцинирани и наши граѓани заедно со српските граѓани овде во Србија и со тоа направи голем чин на пријателство посебно во временскиот период кога никогаш во светот вакцините не стигнуваат ниту со потребна, ниту со посакуваната брзина, а тој процес Србија навистина го реши феноменално, нагласи Филипче.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.