27 Април, 2024
0.0380

Ваква апликација навистина е срам за македонскиот IT сектор: Програмерката го повикува ДЗС да ја контактира

Објавено во: Македонија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Програмерката која вчера откри сериозни пропусти во системот за самопопишување, денеска има нова објава на ФБ во групата Сојузен комитет на Програмери на Република Македонија во која посочува дека самата регистрацијата има многу пропусти, односно дека има само еден степен на заштита. Вели дека ниту и стигнала порака на мобилен, ниту и било побарано да ја впише адресата во странство. 

-Како и да е јас и други од групата тестиравме и посочивме на проблемот. Со тоа се надевам ќе спречиме милион други да ја злоупотребат апликацијата и со тоа да направат проблем и за себе и за државата. Верувам дека не е прекршок да тестираш и да објавиш. Прекршок е доколку увидиш грешка да ја злоупотребиш и да го криеш проблемот. Плус ова апликација ја прави приватна фирма која ја плаќа државата. Тоа се пари од нашите даноци. Зошто никој не напиша за законската одговорност на фирмата и дека ќе се провери дали толку многу пропусти се намерни или од незнаење? А и ваква апликација навистина е срам за македонскиот IT сектор, пишува таа во објавата.

По нејзиното првично укажување, ДЗС преку соопштение, а во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, порача дека самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци. 

-Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон. До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, се истакнува во соопштението на ДЗС.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“