ВАЛС: Aко Каталонија се одвои, Европа ќе се распадне
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2017
Ако Каталонија се одвои од Шпанија, ќе биде тоа не само економска катастрофа, туку ќе ја уништи Европа, напиша бившиот француски премиер, Мануел Валс со потекло од Барселона за Журнал ди диманш.
Тој пишува дека треба Каталонија и Каталонците да бидат предупредени дека ако се одвојат од Шпанија нема да бидат дел од ЕУ и еврозоната.
Тој смета дека одвојувањето е спротивно на историјата и интересите на каталонскиот народ.
Тоа ќе доведе до распад не само на Шпанија, туку и на цела Европа.
„Силата на тој регион е што е во исто време каталонски, шпански и европски. Ако му одземете еден од тие елементи ќе изгуби дел од идентитетот“ - пишува Валс.
Валс додава дека мора да ја почитуваат Владата во Шпанија и да помогнат.