27 Април, 2024
0.0285

Ванхауте му порача на Груевски да прифати одговорност и да чека истрага

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Белгискиот дипломат Питер Ванхауте испрати отворено писмо до лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Во него тој посочува дека вчерашниот ден ќе биде запамтен како уште еден „црн понеделник“ а партијата ВМРО ДПМНЕ е партија која треба да сноси најголема одговорност.

„Дозволете ми да бидам јасен: употребата на насилство за да се спротивставите на демократските процедури во парламентот е неприфатливо.

Свесен сум дека ВМРО се уште е најголема партија во парламентот, но тоа не значи ништо ако не се во можност да формираат мнозинство. И тоа е токму она што вие, г-дин Никола Груевски, и вашата партија, треба да го прифатите: тоа што победивте на изборите не значи дека ќе ја освоите власта. Денес: вие сте главната опозициска партија во парламентот, бидејќи го изгубивте мнозинството во парламентот и ја загубивте власта. И без насилство некогаш ќе се променеше тоа“, пишува белгискиот посредник.

Ванхауте се осврнува и на утринскиот прес на Груевски кој го нарече срамен.

„Вашата последна прес конференција беше срамна, недостојна за лидер на демократска партија. Наместо да ги браните вистински демократски вредности, видовме демократија која се распаѓаше вчера во рацете на вашите партиски членови и група на гангстери“, оценува посредникот.

Според Ванхауте изборот на нов претседател, со цел да ја врати демократијата во Македонија е совршено легално направен. Ниту еден суд не може да го оспорува тоа бидејќи главната цел била да се врати демократијата.

Ванхауте на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ на крај му порачува да прифати одговорност и да чека истрага.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“