09 Октомври, 2024
0.0248

Вардар го чека Загреб во финалето во Јане Сандански

Објавено во: Стил 13 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Вардар во финалето од ракометната регионална СЕХА-лига ќе игра против ривалот Загреб, откако хрватскиот тим во второто полуфинале го совлада словенечки Целје со 29-28.

Претходно, европскиот и македонски првак Вардар го победи Мешков со 33-24 во првото полуфинале.

Финалето се игра во недела во 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански".

Инаку дуелот на Вардар со Мешков беше окарактеризиран како „финале пред финалето“ на фајнал-фор турнирот чиј организатор е нашиот најтрофеен ракометен клуб, но сепак се очекува Загреб да даде достоинствен отпор во битката за трофејот.