Вардаровите ракометни легенди Карачиќ и Дисингер во бизнис со канабис во Струмица
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2022 07:30
Некогашните соиграчи и ракометни европски шампиони со Вардар, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ, станаа сопственици на компанија за одгледување на медицински канабис во Струмица.
Бизнисот со канабис во Македонија стана примамлив дури и за врвните спортисти, а можност за инвестирање во тоа видоа и Германецот и Хрватот.
Двајцата некогашни ракометари на скопските црвено-црни сега се сопственици на ИД Канабис Доо увоз-извоз Струмица, објави Централен регистар. Сепак не постојат податоци кога е регистрирана компанијата и дали поседува лиценца за работа.
Карачиќ во моментов игра за екипата на Кјелце, додека пак, Дисингер настапува за Динамо Букурешт.
Уште од времето кога беа „скопјани“ познато е дека се големи пријатели и надвор од професионалните обврски. Сопругата на Карачиќ и партнерката на Дисингер се сестри од Македонија.
Инаку поранешниот премиер Зоран Заев изминатото лето објави дека дека пред познати американски спортисти – инвеститори ги презентирал можностите за отворање фабрики за медицински канабис во нашата држава.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“




